Антоние Грубишиќ 17-1, 1000 Скопје Република Северна Македонија

АНГАЖИРАНОСТ НА ВРАБОТЕНИ (employee engagement)

ЕНЕРГИЈА, СТРАСТ, ДОВЕРБА
ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ

За да ја заслужат посветеноста на своите вработени, организациите треба да овозможат ефективна комуникација, силна тимска работа, квалитетен фидбек, како и можности за развој и напредок на вработените. Сето ова предизвикува домино ефект: луѓето ќе почнат да создаваат поголема вредност за својата организацијата.

ШТО ПРАВИМЕ ЗА ВАС

Преку користење на современи инструменти, го мериме степенот на личен ангажман на вработените, посочуваме области за подобрување и даваме конкретни предлози и решенија. Информациите добиени на ваков начин се актуелни и реално ги прикажуваат мислењата, ставовите и мотивацијата на вработените, како и нивното задоволството од работата. Сето ова им овозможува на лидерите и на менаџерите да видат дали луѓето ги имаат вистинските работни улоги, колку е ефективна комуникацијата и колку луѓето навистина имаат можност да се развиваат во организацијата, како поединци и како дел од тим.

Користиме докажана методологија која вклучува голем број на ефективни техники:

  • Прашалник за личниот ангажман на вработените во електронска форма
  • Обработка и анализа на податоци
  • Детални извештаи достапни во електронска форма
  • Финален извештај што содржи клучни препораки, стратегии и акции базирани на резултатите од истражувањето
ШТО ДОБИВАТЕ
  • Поголемо задоволство од работата
  • Зголемена продуктивност
  • Поголема стапка на задржување на вработените/пониска стапка на осипување
  • Зголемена профитабилност
  • Подобра организациска култура
  • Намалено отсуство од работа
  • Поефективни начини на комуникација
  • Зголемена лојалност на вработените
mk_MKMK