Антоние Грубишиќ 17-1, 1000 Скопје Република Северна Македонија

Организациска клима

Бидете место кадешто луѓето сакаат да работат
ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ

Само преку вистинско и темелно разбирање на контекстот во којшто функционира бизнисот, организациите можат да дефинираат остварливи цели и да развиваат одржливи стратегии.

ШТО ПРАВИМЕ ЗА ВАС

Користимe различни и современи инструменти и техники со цел да ја истражиме климата на повеќе нивоа во организацијата. Конечниот резултат претставува јасна слика за функционирањето на Вашата организација со детален опис на:

  • Внатрешните односи
  • Ефективноста на комуникацискиот систем
  • Разбирањето на Визијата, Мисијата и целите на организацијата од страна на вработените
  • Лојалноста на вработените
  • Мотивацијата и задоволството од работа на вработените
  • Задоволството од плати
  • Можностите за развој на кариерата
  • Компетенциите на вработените во однос на можностите за учење и развој
  • Степенот до кој вработените се охрабруваат за иновирање и проактивно делување
  • Лидерските стилови и ефективноста на менаџерите
  • Системот на наградување и охрабрување
  • Стресот на работното место
  • Правилата за прекувремено работење
  • Потребите за промени
ШТО ДОБИВАТЕ
  • Значаен увид во степенот на мотивација и задоволството од работа на вработените
  • Точна проценка на вашиот интерен комуникациски систем
  • Tемелна евалуација на лојалноста на вработените, како и на нивните лични вредности, ставови и верувања
  • Зголемена ефикасност и мотивација на вработените
  • Анализа, извештај и презентација врз база на податоците
  • Препораки за подобрување и развој кои можат веднаш да се применат
mk_MKMK