Развојна програма за лидери
Создаваме родени лидери
ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ
Во услови на динамични промени, лидерите мора постојано да совладуваат нови знаења и вештини. Организациите кои имаат добра стратегија за лидерство, редовно инвестираат во континуирано подобрување на нивниот лидерски тим. Нашата развојна лидерска програма е наменета за постоечките лидери, како и за оние вработени кои се на пат да станат лидери. Учесниците во програмата учат како да ги идентификуваат и да ги развијат своите вештини, како да ги мотивираат и инспирираат своите вработени, како и да размислуваат на иновативни начини и да создадат нешто ново во организацијата.
ШТО ПРАВИМЕ ЗА ВАС
Прогамата се темели на развојни принципи и е ориентирана на потребите на клиентот. Може да се прилагоди според индустријата, стратегијата и лидерството во една организација, сѐ со цел да им овозможи на нашите клиенти да спроведат сопствена стратегија за развој. Темите опфатени во програмата се разновидни и многу актуелни. Ова се само некои од нив:
- Лидерски вештини
- Ефективна комуникација
- Ангажираност на вработени
- Зајакнување на вработени
- Делегирање
- Одлучување Фидбек
- Тимска работа
- Подучување и менторство
- Развој на вработени
- Управување со конфликти
- Професионалност
Користиме комбинирани методи и техники на кооперативно и искуствено учење и на ефективна обука:
- Мултимедијални предавања и презентации
- Студија на случај
- Анализа на бизнис сценарио
- Играње улоги
- Дискусија во мали групи
- Демонстрации
- Подучување
- Фидбек
- Водство од страна на учесниците
- Фасилитирани дискусии
ШТО ДОБИВАТЕ
Развивате карактеристики на лидер со високи перформанси:
- Објективна слика за себе и стабилен систем на трајни вредности
- Комуникациски способности и нивна ефективна употреба
- Самодоверба, мудрост и способност за позитивно влијание
- Висока емоционална интелигенција, разумно расудување и реално постапување
- Визионерско и системско размислување; поттикнување на креативност и иновативност
- Градење и зајакнување на тим; развивање на чувство за почит и доверба