Антоние Грубишиќ 17-1, 1000 Скопје Република Северна Македонија

360 СТЕПЕНИ ФИДБЕК

Целосна слика за Вашата компанија
ШТО ТРЕбА ДА ЗНАЕТЕ

Процесот помага да се изгради клима на конструктивна комуникација за индивидуалниот напредок на вработените и да се создаде долготрајно чувство на доверба во организацијата. Тимовите кои се вклучени во истражувањето покажуваат поголема спремност за отворена комуникација и соработка, а тоа неминовно води до подобри одлуки и повисоки перформанси.

ШТО ПРАВИМЕ ЗА ВАС

Спроведуваме фер и транспарентен процес на евалуација кој открива како вработените се гледаат себеси во однос на тоа што другите го мислат за нив и нивното работење.
Процесот претставува холистички модел кој ги опфаќа сите во организацијата. Обезбедува сеопфатни и веродостојни информации собрани од сите страни вклучени во деловниот процес – вработените, менаџерите, клиентите, партнерите и другите заинтересирани страни.

  • Спроведуваме серија на прашалници за да добиеме фидбек од 360 степени.
  • Испорачуваме детален извештај и презентација на сите наши сознанија.
ШТО ДОБИВАТЕ

За вработените:

  • Луѓето разбираат како останатите гледаат на нивното работење, достигнувања и личност.
  • Се откриваат области за подобрување.
  • Се гради поцврста определба за личен раст и развој.

За тимовите:

  • Тимовите комуницираат и соработуваат подобро.
  • Тимовите донесуваат подобри одлуки и се обврзуваат да ги спроведат.

За организацијата:

  • Детални информации за перформансите (квалитативни и квантитативни)
  • Откривање на таленти (клучни вработени)
  • Информации за силните и слабите страни на секој вработен
  • Подобри планови за развој на кариерата на вработените
  • Подобри производи и услуги за клиентите, како резултат на нивното учество во истражувањето
mk_MKMK